МИТ Универзитет ја избра Пепита Манџиковска за најкомплетен матурант

Средношколката Пепита Манџиковска го освои првото место на натпреварот „МИТ Универзитет го избира најкомплетниот матурант во Република Македонија“. Второто место го освои Бисера Илиеска , а трет е Дарко Тошиќ.

На финалето кое викендов се одржа во Скопје, низ пет рубрики – претставување, дебата, ораторство, решавање на проблемски ситуации и покажи што знаеш, матурантите ги презентираа своите знаења, вештини, карактеристики и способности на образовно, културно и социјално ниво.

Најкомплетните матуранти кои освоија прво, второ и трето место беа наградени со три, две и едно годишна стипендија за студирање на МИТ Универзитет.