Комисијата за човекови права во Северна Ирска (НИХРЦ) започна правна постапка против владата на Велика Британија за нејзиниот неуспех да промовира безбедни и достапни услуги за абортус, повеќе од една година откако абортусот беше легализиран во земјата, објави Гардијан.
Секретарот на Северна Ирска, Брендон Луис е обвинет за незаконско негирање на правата на жените во земјата, за кои експертите предупредуваат дека се принудени да користат нерегулирани услуги и да патуваат во области со висок ризик за време на пандемијата. НИХРЦ, исто така, презема активности против извршната власт во Северна Ирска и Министерството за здравство на земјата.
Гардијан пишува дека ситуацијата за жени кои бараат абортус може значително да се влоши во 2021 година. Ова е така затоа што медицинските лица кои формираа ад-хок служби за ран абортус во раните денови на пандемијата предупредуваа дека нефинансираната услуга е на работ на колапс, бидејќи малкуте професионалци кои ги водеа се вратија на улогите пред пандемијата.
Една од петте служби, Јужно-источната, моментално нема сервис за ран абортус, откако докторот отишол на породилно отсуство. Друга, т.н. Северна служба, ги прекина сите услуги во октомври поради недостаток на ресурси, но продолжи на 4 јануари.
Додека беа затворени, други служби не земаа упати заради недостаток на капацитет – не оставајќи им на жените друг избор освен да патуваат за абортус или да нарачуваат преку Интернет и да ги земаат без надзор.
Лес Аламби, шефот на НИРХЦ, изјави дека телото презема правни активности откако државниот секретар, извршната власт на Северна Ирска и ресорното Министерството одбија да преземат одговорност за создавање услуги.
„Влеговме во еден Кафкаски свет каде што НИО (Канцеларија во Северна Ирска) тврди дека ги презема сите разумни чекори за да овозможи услуга, Министерството за здравство тврди дека не може да добие договор за нарачка и финансирање на услуга преку извршната власт, а извршната власт вели дека тоа е работа на Одделот за здравство“, рече тој.
„Тоа е игра на ‘подадете ја топката’, каде музиката никогаш не запира, освен што не е игра, туку прашање на здравјето и благосостојбата на жените. Покрај тоа, принудувањето на жените да патуваат покренува пошироки проблеми со јавното здравје“, дополни Аламби.
Инаку, абортусот во Северна Ирска беше легализиран во октомври минатата година, откако гласањето во Вестминстер предводено од лабуристичката пратеничка Стела Криси го искористи парализираниот Стормонт, и покрај 11-часовниот обид на Собранието на регионот да ја блокира промената. Официјалните лица потврдија дека раскинувањето би можело да се случи во април по заканата за правно дејствие од борците кои се залагаат за избор на абортус.