Министерството за култура најави кривични пријави за демонстрантите што ја „обоија“ фасадата

Министерството за култура најави кривични пријави против лицата кои за време на синоќешниот протест демонстранти ја обоија фасасата на министерство. Во рекацијата тие бараат од Министерството за внатрешни работи, во најкус временски период да ги пронајде виновниците на, како што велат, ваквиот вандалски чин.

Од Министерството потенцираат дека станува збор за објект кој е изграден во 1927 година и претставува културно наследство заштитено со Закон.

„Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно историските споменици, мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во државава кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската унија“, се вели во соопштението.