Американската мултинационална технолошка компанија „Meтa“ треба да направи повеќе за да се справи со „ширењето“ лажна содржина создадена со алатки за вештачка интелигенција (ВИ) на своите платформи, изјавија советниците на гигантот за социјални мрежи, пренесува „Би-Би-Си“.
Дваесет и еден член на надзорниот одбор изрази загриженост и ја укори компанијата поради тоа што оставила видео генерирано со ВИ, кое наводно прикажувало големи оштетувања во Халифа во Израел од страна на Иран.
Одборот ја повика компанијата да ги реформира своите правила за ВИ, предупредувајќи дека зголемувањето на лажни ВИ-видеа поврзани со глобални воени конфликти ја „предизвикало способноста на јавноста да разликува измислица од факт, со ризик да се создаде општа недоверба во сите информации“.
Во компанијата „Meтa“ соопштија дека видеото ќе биде означено во рок од седум дена.
Инаку компанијата формираше надзорен одбор во 2020 година и врши надзор над одлуките за модерирање содржини на Фејсбук, Инстаграм и Вацап.
Одборот често не се согласува со одлуките на „Meтa“, но компанијата сепак продолжила да го олеснува својот пристап кон контролата на содржината, што отвора прашања колкава моќ навистина има одборот.
Во моментов, Meta главно се потпира на корисниците самите да откријат кога содржината што ја објавуваат е создадена со AI алатка. Во спротивно, компанијата чека некој да поднесе жалба до тимот за модерирање содржини, кој потоа може да одлучи да додаде ознака на таквата содржина.
Одборот изјави дека компанијата треба многу почесто и проактивно да означува лажна ВИ содржина.
Мета.мк



