Мексико ја забрани продажбата на газирани пијалоци и брза храна на деца

Јужната мексичка држава Оахака ја забрани продажбата на газирани сокови и високогазирани сокови на децата – мерка воведена за да се намали гојазноста.

Оваа мерка со која се реформираат легалните права на децата и адолесцентите воведува казни и можност за затворање на продавниците кои продаваат газирани сокови и грицки на децата. Со тоа, висококалоричните производи се ставаат во ист кош како цигарите и алкохолот.

„Многу е важно да се стават кочници на оваа индустрија која ги заболува нашите деца и нашата земја. Индустријата навлегува во најтесните пори на државата – места на кои можеби нема лекови, но има „Кока Кола“, истакнал Магали Лопез Домингес“, законодавецот кој ја предложил реформата.

Лопез Домингез ја предложил мерката пред повеќе од една година, додавајќи дека пандемијата од Ковид-19 посилно ги инспирирала законодавците да ја ограничат продажбата на газирани сокови.

„Оваа здравствена состојба со коа што цел свет се соочува, ја прави уште поочигледна штетата од пиењето на газирани сокови“, нагласил Лопез.

Мерката е воведена во Мексико откако регионот се обидува да се справи со ширењето на Ковид-19, а надлежните се обидуваат да ја префрлат вината за ширењето на нездравите начини на исхрана на мексиканците, почнувајќи од пиење газирани сокови.

„Царот“ на короната Хуго Лопез Гател ги нарекува газираните пијалоци „запакуван отров“ и ја посочил нивната конзумација како главна причина за 40,000 смртни случаи и висок процент на диабетес, гојазност и хипертензија кај населението.

Мексичката индустрија за газирани пијалоци го обвинила Лопез Гател за „сатанизирање на стратегиска економска активност и продукти кои се омилени на милиони мексиканци. Во своето соопштение, групата на произвеувачи истакнала дека владините статистики покажале дека мексиканците конзумирале 5.8 калории од газирани пијалоци на дневна база.

Дел од критичарите и здравствените експерти го обвиниле Лопез- Гател, кој воедно избегнувал да апелира за носење на маски и усвоил политики за нетестирање, за барање на виновник во земја каде бројките на новозаболени се намалиле. Во Мексико се регистрирани повеќе од 49,698 смртни случаи, надмашувајќи ја Велика Британија како трета земја со највеќе смртни случаи.

„Нашите здравствени авторитети не ја воведоа задолжителноста на маските и одбија масовни тестирања за да го детектираат, најдат и спречат ширењето на коронвирусот. Наместо такви мерки, др. Лопез- Гател одлучи да воведе нова стратегија – барање на жртви“, истакнал Хавиер Тело, доктори и здравствен консултант.

Но, истовремено никој не го негира штетното влијание на индстријата за газирани пијалоци врз Мексико. Еден жител пие по 163 литри газирани пијалаци во годината, што е најголемото количество во светот, а навиката за ваквата конзумација започнува од мали нозе. Во анкетата изработена од „Ел подер дел конзумитор“ – агенција за конзимерство и опозиција на индустријата, 70% од децата во училиште од сиромашниот реон Гереро, се изјасниле дека за појадок најчесто пијат газирани пијалоци.

Околу 73% од популацијата на Мексико се смета за гојазна, а поврзани болести како дијабетесот се во пораст.

„Доколку се прошетате низ овие заедници, ќе пронајдете брза храна. Нема пристап со питка вода“, изјавил Александро Калвиљо, директор на агенцијата за конзумерство.

Во Мексико е дозволен „шеќерен данок“ од 1 песоз за литер во 2014 година, а истражувањата покажале дека ова го намалило конзумирањето за 7.5 отсто. Но, парите собрани од данокот не биле инвестирани во јавното здравје како што било ветено.

 

Извор: Guardian