Меѓународна конференција:Медиумите во Југоисточна Европа-недоволно или премногу информации

„Медиумите во Југоисточна Европа-Недоволно или премногу информации“ е насловот на осмиот форум на медиумите во Југоисточна Европа (VIII South East Europe Media Forum -SEEMF),  кој ќе биде отворен денеска во Скопје.

Студентските медиуми

На тридневната меѓународна конференција реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поверзани со пристапот до информацииите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина.

Воведни обраќања ќе имаат претставници на СЕЕМО со седиште во Виена, на претседателот на СЕЕМО за Македонија Горан Михајловски, Тарја Туртија претставник на УНЕСКО од Парис. Предвидено е учесниците да ги поздрави министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој треба да учествува и на дебата со уредници од македонски медиуми на тема „Медиумите и политиката во Македонија“.

Овој регионален настан се организира во партнерство и со поддршка на повеќе организации од земјава, од регионот и пошироко, вклучувајќи ги СЕЕМО, УНЕСКО, ЕУ, Фондацијата Конрад Аденауер, ЦЕИ, Македонски институт за медиуми и други.

Пред стартот на форумот ќе се одржи посебна сесија на која ќе биде претставен новоформираниот Совет за етика во медиумите на Македонија.

Настанот ќе се одржи во хотелот Холидеј ин, а целосната програма е прикачена ОВДЕ.