Меѓународен ден на трудот: Судири во Турција, протести низ светот и Балканот

Први мај се одбележува со протести низ целиот свет и на Балканот. Во Турција веќе имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите. Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги спречи демонстрантите да пристигнат на плоштадот Таксим бидејќи властите забранија митинзи за Први мај. Околу 40.000 полицајци се распоредени во Истанбул, но активистите се заканија дека нема да ги почитуваат владините забрани за демонстрации.

10151912_871463266212845_1134302089725599326_n

По наредба на Владата намален е бројот на возила на градскиот транспорт во Истанбул за да се ограничи движењето на граѓаните. Според турски медиуми, се очекува демонстрациите да бидат најмасовни откако владејачката партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган победи на локалните избори во март. Откако во 1977 година на Таксим беа убиени 34 луѓе во судири меѓу полицијата и демонстранти, тоа место во Истанбул има посебно значење. Повеќе од 30 години плоштадот беше затворен за демонстрации, кратко време беше отворен , од 2010 година па се до лани кога ескалираа протестите во Турција.

Меѓународниот ден на трудот 1. мај се одбележува  со протести во Македонија,  Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора каде се протестира поради лошата и економска состојба на работниците. Во Босна и Херцеговина и на Денот на трудот продолжуваат тримесечните социјални протести со мирен собир во Мостар, а најави за демонстрации има и во Сараево. Хрватските синдикати пак организираат протест под мотото „Црвен картон за Владата“, а  со кој бараат предвремени парламентарни избори. Синдикатите во Црна Гора пак Први мај го одбележуваат со протести и со музички концерти, но и со порака за неопходноста од отворање нови работни места.

Протести има и во целиот свет. Во Индонезија ова се први легални работнички протести во историјата на земјата на кои се очекува да излезат 2 милиони лица. Немири имаше во Камбоџа, каде демонстрантите се судрија со полицијата.  Според најавите од руските медиуми, за прв пат по повеќе од две децении, работниците на Први мај ќе излезат на парада на Црвениот плоштад .

Протести се закажани во Скопје и Куманово, а со пораката „Нашата стратегија не е поврзана со одреден фолклор и прослава со музика!”.