Денот на трудот ќе се одбележи со протести во Скопје и Куманово

Неколку синдикати и движења најавија протести во Скопје по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сепак, најмасовниот Сојуз на синдикати на Македонија и годинава одлучи да не повика на првомајски протест. Нашата стратегија неколку години наназад не е поврзана со празнувањето со одреден фолклор и прославување со музика, туку сме се определиме празнувањето да го вршиме преку конкретни кампањи и со добивање на конкретни резултати, вели претседателот на ССМ Живко Митревски.

Протест за 1 мај

Фото: РСЕ

Протести по повод први мај најавија неколку синдикати и движења за заштита на работничките парава, кои како што соопштија, не можат да не го одбележат меѓународниот ден на трудот во земја каде да се биде вработен е привилегија, а не право, која се плаќа со човечкото достоинство.

Протестот ќе започне во 12 часот пред Парламентот и ќе продолжи пред Владата. Истовремено ќе се протестира и во Куманово.

Здравко Савески од левичарското движење Солидарност вели дека за разлика од минатите години сега на протестите ќе има и барања кои ќе бидат адресирани до Владата. Според него, се работи за три барања и тоа Законот за минимална плата да не ги дискриминира работниците кои се најзaгрозени и да се изедначи на сумата од 8.800 денари, потоа да се остварува правото на штрајк и да се овозможи вистинско функционирање на синдикатите.

„Она што ние го имаме како впечаток е дека постојано се зголемува бројот на луѓе кои протестираат на први мај, бројката е се уште релативно мала, но е во постојан пораст. Таа свест дека прва мај е ден на скарата, тешко, но пополека остапува место пред расположбата дека на тој ден треба да се искаже незадоволството. Веќе има луѓе кои ни кажуваат дека немаат пари да одат на скара, сиромаштијата во Македонија е сериозен проблем.“

Денот на трудот ќе се одбележи со протести во Скопје и Куманово

Протестот е во организација на Конфедерацијата на Синдикални организации, Сидникатот на новинарите и медиумските работници, Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија, како и Синдикатот на македонската дипломатска служба и движењата Солидарност и Ленка.

Извор: Радио Слободна Европа