Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит во рамки на задолжителната државна матура. Притоа тие имаат можност да изберат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Најголем интерес има за полгање странски јазик, покажа статистиката на Државниот испитен центар, додека тест по математика избрале само 1529 матуранти, од над 15 000 колку што годинава се пријавиле за полагање државна матура.

Според наставниот јазик, на македонски за испитот денеска се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274.

Во саботата пак се полагаше првиот екстерен испит по мајчин јазик.

Организирано и со следење протоколи мина денешното полагање државна матура

Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени на почетокот на јули, односно најдоцна 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит.

За матурантите имаат коронавирус или се во изолација, овозможени се дополнителни термини за полагање на 25 и 28 јуни. Оние матуранти пак кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.