Илјадници Романци маршираа во главниот град Букурешт и повеќе други градови во протест поради распространетата илегална сеча на шуми, за која се верува дека е причина за смртта на два шумски работници последниве два месеци.
Во Букурешт на демонстрациите присуствуваа околу 4.000 луѓе кои се собраа пред министерството за шумарство и водостопанство. Според локалните медиуми, на собирот граѓаните удирале во тапани и извикувале: „нашите шуми не се ваша сопственост“ и „крадци“.
Протестот го организираа Гринпис Романија и други еколошки организации, кои побараа целосна истрага во смртта и нападите на шумските работници. Истовремено тие побараа и построги закони и надградба на државниот систем за автоматско следење на шумската сеча.
Според студиите на Гринпис, Романија губи три до девет хектари шума н а секоја час поради нелегалната сеча. Во земјата се наоѓа последната преостаната европска прашума, во која се наоѓа разновиден животински и растителен свет.
Демонстрантите во останатите романски градови носеле транспаренти на кои пишувало: „климатска вонредна состојба“ и „спасете ја шумата“.