Масовен протест во Белград, граѓаните бараат оставки и казни за насилството

Недамнешниот насилнички инцидент во изборната ноќ, во кој луѓе маскирани со фантомки два часа рушеле објекти во белградската населба Савамала, ги мобилизира граѓаните на српскиот главен град да излезат на улиците и да се спротивстават на, како што велат, насилството кое се случува под покровителство на власта.

bnv-4
bnv-6

Народниот правобранител на Србија, во својот извештај за случајот напиша дека има индиции оти во инцидентот се вмешани високи полициски и државни функционери. Граѓаните веруваат дека рушењето има врска со мегапроектот на власта „Белград на вода“, кој треба да се гради во населбата Савамала.

bnv-1

Неколку илјадни белграѓани излегоа пред Собранието на Градот, каде фрлаа ролни тоалетна хартија врз зградата и извикуваа „Ова нема да ви помине“. Граѓаните бараат оставки од градоначалникот на Белград Синиша Мали и од министерот за вратрешни работи Небојша Стефановиќ и најавија нови протести доколку власта продолжи да ги игнорира.

„Тие се плашат од сите нас, знаат дека во нас е моќта, а не во нив. Тие имаат насилство, ние имаме бројки“, изјави претставникот на организаторите на протестот, Добрица Веселиновиќ.

Протестот, кој го организира граѓанската иницијатива „Да не го давиме Белград“, измина во атмосфера на речиси комплетна медиумска блокада – за него јавија само неколку од бројните српски интернет портали, весници и телевизии.