Марко Чаласан е шестиот најпаметен тинејџер во светот

Македонецот Марко Чаласан (14) е шести на листата на Best Schools на најпаметни тинејџери во светот.

Марко Чаласан е шестиот најпаметен тинејџер во светот

Во моментов има 12 сертификати од Microsoft и еден Cisco сертификат. Првиот сертификат го доби на само шест годишна возраст.

Родителите на Марко велат дека научил да пишува и чита уште на 2 години, а англиски веќе можел да зборува на возраст од 4 години. Во описот даден лично од Марко за неговите први сеќавања користејки компјутер вели дека имал само 3 години и си “играл” инсталирајки Windows, правејки виртуелни машини.

Марко пред три години напиша и книга од неверојатни 350 страни за процеси поврзани со инсталацијата на оперативниот систем Windows 7.

Тинејџерот предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години во неговото училиште. Зборува три јазици и учи уште еден. Во иднина би сакал да пишува учебници за информатика за сите корисници од почетници до експерти.

Прв на листата на најпаметни тинејџери е Џек Андрака од САД кој има само 16 години. Тој е креатор на сензор кој бара хемикалии во крвта кои ќе им помогнат на лекарите при дијагностицирање на рак на панкреас.