Марјан Болтевски: „Поларис“ е емисија за научна фантастика, фантазија и хорор

Поларис е информативна емисија на Радио МОФ која шест години пренесува информации од светот на научната фантастика, фантазијата и хоророт. Марјан Болтевски секој вторник од 19 до 19:30 часот споделува свои оцени, критики и сугестии на актуелни теми од овие жанрови.

Кои тематски содржини се опфатени во емисијата?

Имам опфатено многу содржини од книги, филмови, серии, видеоигри, па дури и книги кои што не им се поветува внимание, на пример книги за нашата потенцијална иднина. Тематските содржини се тие од областа на научна фантастика, фантазија и хорор. Научната фантастика е примарен жанр кој се однесува на секакви тематики, може да биде во далечната иднина, нашите контакти со вонземска цивилизација. Дали станува збор за некои влошени односи во време на војна или за чисто вонземска цивилизација, исто така на тема посуперлативна цивилизација против нашата попримитивна цивилизација, патување низ времето, алтернативни стории, сајберпанк и роботи. Јас мислам дека секој дел од вашиот живот, барем во еден ден секое лице има фатено пред ТВ екраните некој филм или серија кои што се занимаваат со овие тематики, на пример Doctor Who, Star Trek за поновите генерации. Слично може да се каже и за фантазија, со оглед на тоа што доживува ренесанса и прогрес на малите екрани. Порано се случуваше она со Толкин манија, кога имаше голема популарност на филмовитe Lord of the rings, па имаше некои обиди да се преведат и некои други книги фантазија на големото платно, но тоа не беше успешно. Сега ТВ- сериите или стрим онлајн сериите стануваат доста популарни, еден пример може да ви наведам, сега во декември треба да излезе првата сезона на Netflix, The Witcher сагата. Допрва треба да очекуваме вести од Amazon prime кои што ги имаат правата за Lord of the rings серијалот. Нема потреба да кажувам што е хорор, иако ова е можеби еден сегмент кој не ми е толку ставен во фокусот како другите две. Се трудам да ставам содржини кои се поочигледни за повеќето фанови на хорор и останатите луѓе кои што сигурно ги имаат гледано на ТВ или во кино, исто така да опфатам и тематики кои се помалку познати кај нас, односно не се однесува само за хоророт туку и за другите правци, бидејќи се си има своја меинстрим публика и своја култна публика.

Кој суб – жанр на научно фантастичен филм е најпопуларен и зошто ?

Варираат тие нешта, зависи и од премиера на конретна серија за некоја нејзина сезона, како на пример  The Expense, таа е просто кажано игра на тронови во вселената. Сепак, мислам дека доколку зборуваме за подалечни последици од она што ние го гледаме и што најмногу се остварува јас мислам дека и во наредните години ќе се поистоветувам со сајберпанкот (cyberpunk). Накратко, сајберпанкот е под-жанр коишто се случува во блиска иднина на земјата, нема тука вонземјани или луди приказни за патување низ времето или инвазии, тука имаме голем развој на наука и компјутерска технологија, но постои голем јаз меѓу мал слој на богати луѓе и голем слој на средно накај посиромашни луѓе, едноставно средна класа тука речиси и да не постои. Ова се работи кои што почнуваат да се случуваат во постепени етапи, кои што ги гледаме во последниве девет години што ги имам забележано . Сведоци сме на значителен раст на кибернетска технологија, зборуваме тука за протетики, на пример си изгубила рака или нога, сега имаш компании кои ти прават механички раце и нозе, кои што со секој нивен модел и со секое поминато време ги усовршуваат да не бидат само крути функции кои се извршуваат, туку да бидат вистинска замена за твојот изгубен екстремитет. Ова очекувам да почне да се остварува и за луѓе кои имаат изгубено вид или слух. Најпознат пример е желбата на Илон Маск да направи Neuralink, тој неуролинк што е за подобар интерфејс меѓу луѓе и машини, буквално како приклучување чипови во нашата глава и којашто ни овозможува побрз контакт со телефон и компјутер. Воедно, тие механички делови се нашите компјутери кои ни дават податоци за време, населби, нотификации за пораки, буквално смартфон функција во нашите глави.

Што  може да слушне  публиката  кога станува збор за сугестии и избор на филм или серии од овој тип?

Па, има многу низ генерации, би ги издвоил „2001: Вселенска Одисеја“ за за почеток на Стенли Кјубрик и Артур Кларк, „Војна на ѕвездите“ ако сакате блогбастерски серијали, „Блејд Ранер“ и најновиот „Блејд Ранер 2049“. Јас можам да набројам многу добри филмови и секако ќе ми биде криво ако ги изоставам. „Вонземјанин“ не би сакал да го заборавам дефинитивно, првите два дела од филмот се добри, другите може да ги гледате на своја желба ако сакате. Она што мене најмногу ме интересира во последно време е тоа како fantasy книжевни серијали и sci – fi книжевни серијали добиват свој spotlight во форма на мини серии или проширени серии во  повеќе сезони. Така да можам да го  препорачам „Altered Carbon“ на Ричард К. Морган којшто доби Нетфликс адаптација лани, „The Expanse“ серијалот на Џејмс Кори што веќе треба да почне четвртата сезона. Тоа се стварно феноменални серии и од се срце ги препорачувам и допрва ќе очекуваме многу други проекти од тој под жанр на научна фантастика. Според мене, форматот на серии е подобра алтернатива од игран филм, бидејќи има многу факти кои не би сакал да ги гледам на филмското платно, затоа што има многу материјал кој треба да се обработи, а тоа да се кондензира во филм од саат и половина нема да биде океј. Така што имам очекувања за филмскиот проект „Dune“ на Франк Херберт којшто треба да се појави следната година во септември, исто така книгата е феноменално, но филмски адаптации тешко се изведуваат.

Кој жанр има најкреативен потенцијал (фантазија, sci – fi или хорор ) и зошто  ?

За научна фантастика одговорот е лесен, сите под-жанрови на научна фантастика имаат огромна креативност, бидејќи кога креираш научна фантастика ти во себе си замислуваш каков би бил тој свет или универзум што го креираш. Создаваш одредени правила, но и одредена доза на правила што можат да ги „свиткаат” тие други правила што си ги воспоставил, но мора да внимаваш на еден многу клучен проблем, а тоа е конзистентност. Очекувај дека ќе има многу sci – fi  дела кои ќе бидат имагинативни и интересни, но после ќе почнеш да чепкаш во деталите ако сакаш и да видиш колку е издржан тој свет што авторот го креирал. Научната фантастика има многу опции јас сметам дека има многу неограничен креативен потенцијал и многу комбинации на под-жанрови што може да се стават за да создадеш некој нов под-жанр. Fantasy може да биде креативно, но страда од тоа што Толкин беше инспиратор за тој правец и како што Tолкин изврши големо популаризирање на фантази страната. Да не се лажеме, Толкин не е основач на фантазија бидејќи пред него имало писатели кои твореле, само што не биле толку mainstream, толку популарни како што тој бил. Но, Толкин го отворил патот за други писатели, има многу писатели од 60-тите, 70-тите, 80-тите кои што пишуваат fantasy романи, кои што се видно инспирирани од него и поради тоа немаат свој белег. Да ја прочиташ премисата на задната страна на книгата за што станува збор, тогаш ќе сфатиш дека ти е доволно што си го читал Толкин. Во последно време има писатели кои се тргаат од таа Толкин формула, во последниве 20-30 години и тоа е чекор за поздравување. Создавање на анти- херои, создавање на политички интриги не се базирани на Толкиновите премиси за борбата меѓу доброто и злото, нема тука прстени или мали предмети кои што влијаат на тој кој ќе завладее со светот. Џорџ Мартин тука се истакнува, „The Witcher“ серијалот кој стана популарен благодарение на видео игрите, cагата на Алек Вилсон има и други млади автори кои се истакнуваат по создавање на фантазија со голема доза на морално сивило, значајно е дека немаш тука конкретно добри или конкретно лоши карактери.

Што почесто практикувате да пренесувате – рецензии за актуелни ново излезени филмови, или пак можеби филмови од периодот на 80-ти, 90-ти?

Дефинитивно второто, има филмови кои што се баш така култни наслови од 70-ти и 80-ти години. Стенли Кјубрик е популарен зошто филмовите му се баш  култни и му ги следат доста голем број фанови, бидејќи Кјубрик е на врвот меѓу најпознати режисери и најценети на сите времиња. Може да го спомнам Тарковски кој што ги има режирано „Solaris“ и „Stalker“, тој е култен режисер на Истокот е многу познат, всушност за поранешиот Советски сојуз. На западот можеби не до толку, но затоа пак има креирано солидна фан база која што му ги цени сите негови филмови. Кога веќе покривам многу работи сакам да ставам акцент на нешто ново, исто така акцент на нешто ново кое што не се спомнува толку многу, не само за популарните кругови туку и за потесните кругови на фанови на sci – fi, фантазија и хорор. Се обидувам да дадам spotlight на одредени ствари, на пример неодамна зборував за Planeskape: Torment тоа е видео игра која што е повеќе литература отколку видео игра, ги има сите обележја на видео игра, меѓутоа самата приказна и филозофија е толку фасцинантна што мислам дека такво нешто нема да се повтори во видео игра. Сега сме во во период каде што се проценува видео игрите да бидат постепено на ниво на уметност, не сите но одредени. Веќе се прават дебати, анализи, критички осврти, есеи и буквално се што можеш да очекуваш за роман или филм од студенти, рецензенти, новинари кои што ги вршат своите работи во културата.

Ангела Илиевска