Малта стана прва држава во Европа која забрани „терапија против хомосексуалност“

Нов закон во Малта, кој беше изгласан едногласно, вели дека секое медицинско лице кои ќе го препорача ткн. „лек против хомосексуалност“, ќе биде осуден на казна затвор.

Според законот, обидувањето да се „промени, репресира или елиминира сексуалната ориентација на едно лице“, отсега е кривично дело.

Иако законот важи за сите, докторите кои ја препишуваат терапијата можат да се соочат со најголеми казни, ризикувајќи казна до 10 илјади евра, или една година во затвор.

Политичарите кои гласаа за Законот за афирмација на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и изразување на родот, го опишаа лекот против хомосексуалност како „лажен и навредлив“.

Новиот закон исто така официјализира дека „ниту една сексуална ориентација, родов идентитет или родова припадност содржи пореметување, болест или недостаток на било кој начин“.

Малта беше прогласена за најдобрата земја за ЛГБТ права во Европа, од групата за заштита на правата на ЛГБТИ заедницата ИЛГА за 2015 година.