Македонските учесници освоија шест медали на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи

„Создаваме вредности“ – на овој начин Друштвото на физичари на Република Македонија соопшти дека македонските учесници на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки освоија шест медали, односно едно сребро и пет бронзени медали.

Алексиј Тасиќ освои сребрен медал додека Иван Костевски, Андреј Стојановски, Марио Ванчоски, Матеа Митревска и Теона Ана Георгиевска освоија бронзени медали на олимпијадата која се одржа во Дубаи од 12 до 21 декември.

Македонските претставници беа предводени од д-р Ламбе Барандовски кој е претседател на друштвото и професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На олимпијадата се натпреваруваа 360 натпреварувачи од 59 држави.