Третиот „Маалски бувљак“ во организација на сестрите Ивана и Анастасија Павловски и „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 31 мај, сабота, со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост во скопска Железара.
„Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која ‘моли’ да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со музика која не е по твој вкус? Столче кое се крие во шпаизот? Време е да расчистиш! Изнајми место на 31 мај и дади нов дом на твоите стари предмети“, велат од „Комбо“.
Правила на учество:
– Елементите кои ќе бидат изложени треба да бидат чисти (облеката испрана, елементите пребришани)
– Учесниците да пристигнат најдоцна до 11:00, за да успеат да се наместат пред да почне настанот (12:00)
– 300 ден за партиципација (место + пијалок)
Радио МОФ веќе ја објави приказната за Комбо – збиралиште на креативност, дружење и одржливост, водено од Ивана и Анастасија. Сите предмети внатре добија „шанса“ за втор живот, откако веќе служеле некому, сега служат за разубавување на просторот и за промовирање поеколошки начин на употреба. Со „Маалски бувљак“, тие создаваат простор за одржливо купување и ги поттикнуваат граѓаните на локална дружба.
[Фото] Старите предмети и облеката од втора рака добија нова шанса на „Маалски бувљак 2“