„Lovely & Lively” – концерт на младинскиот женски хор при МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечерва (16 април ) ќе се одржи концерт на женскиот младински хор. Концертoт почнува во 20:30 часот под диригентрската палка на Сашо Татарчевски, кога ќе бидат промовирани и новите униформи на хорот.

 „Lovely & Lively” - концерт на младинскиот женски хор при МКЦ

Концертот на женскиот младински хор при МКЦ е насловен „Lovely & Lively”. Освен играта на зборови, насловот произлегува од изборот на програмата која ја чинат композиции со популарен карактер, главно од англиското говорно подрачје, опфаќајќи повеќе познати спиритуали и госпели.

Женскиот младински хор – МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Македонија. Во својата 42 годишна историја хорот има бројни успеси, промовирајќи ја македонската хорска традиција на најдобар можен начин. Секогаш свежиот и различен репертоар, но и стандардно високиот квалитет на изведба се заштитен знак на хорот и секако едни од битните фактори во континуираните успеси на домашната и меѓународната сцена.