Lovefest ги објави изведувачите – доаѓаат Свен Ват, Бен Клок и Пан-Пот

Тројца легенди на техното: Свен Ват, Бен Клок и Пан-Пот ќе настапат на главната сцена на фестивалот Lovefest во Врњачка Бања, кој годинава ќе се одржи од 4 до 6 август, сооопштија организаторите.

Ова е јубилејно, десетто издание на фестивалот, чија главна програма е посветена на електронската музика. Покрај техно триото, ќе настапат и Џејмс Забиела, Елен Алиен, Даниел Стефаник, Роберт Диц, Антони Парасол, Марко Настиќ и многу други. На гитарската сцена, наречена „Лајв“, ќе настапат Рамбо Амадеус, Едо Мајка, Марчело, Партибрејкерс, Дисциплина Кичме, Ритам Нереда и реге составот Irie fm.

Организаторите најавуваат бројни изненадувања за јубилејот на фестивалот, како и нови имиња на изведувачи кои ќе бидат обелодонети наскоро.

Прочитајте ја репортажата на Радио МОФ за минатогодишното издание на Lovefest.