Лондончани потрошиле 2000 фунти на подароци за бездомниците во градот

Дваесет и петгодишниот радиолог О’Рил Килиан и неговите пријатели, за Божиќ одлучиле место да си купуваат подароци меѓусебно, да соберат пари за да купат подароци за бездомниците во Лондон.

Во текот на двете изминати ноќи патувале низ Лондон, делејќи божиќни подароци на бездомниците.

„После реакцијата која ја добивме минатата година, од видео на кое им обезбедуваме на бездомниците храна, пијалаци и облека, заклучивме дека ќе биде одлично ако го повториме тоа, но овој пат во поголем размер“, раскажува Килиан.

Отвориле страница за донации, за секој кој може и сака, да учествува во овогодинешната акција.

Основната цел е да ја подигнат свеста и да направат луѓето да сфатат дека Божиќ е повеќе од размена на подароци и прејадување.

„Се трудиме да ја направиме хуманоста тренд. Сум посведочил на тоа како бездомник му приоѓа на човек од работничка класа, да побара некоја ситна пара, а за возврат да добие згрозен поглед или да биде избркан како да е термит“, вели Килиан.

Во секој подарок имало ракавици, храна, пијалак, благо, паста и четка за заби, шал, термо чорапи и фластери.

За оние кои имаат потреба, давале и санитарни крпи и конзерви со храна за кучиња.