Локално економско-социјален совет за советување на младите во Гостивар

Локално економско-социјален совет за советување на младите во ГостиварДенес во Гостивар проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување, во соработка со општината, званично ќе го основа Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Гостивар.

Локалниот економско-социјален совет, составен од лидери од заедницата од приватниот и од јавниот сектор, ќе служи како советодавно тело во општината за прашања поврзани со локалниот економски развој, вработувањето на младите и врската помеѓу вештините коишто им требаат на работодавачите и вештините коишто учениците ги развиваат на училиште.

Проектот Мрежа ЈЕС на УСАИД исто така веќе основа Локални економско-социјални совети во Струмица, Штип, Тетово и Битола.

На основањето се очекува да присуствуваат Директорот на Канцеларијата за демократија и образование при УСАИД, Мајкл Стивејтер, Градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Република Македонија, Живко Митревски, Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Република Македонија, Мирјана Андреска и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

Проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување го спроведува Центарот за развој на образованието, глобална непрофитна организација посветена на подобрување на учењето и унапредување на здравјето. Проектот соработува со Агенциите за вработување, средните стручни училишта и невладините организации кои работат со младинци со цел да им помогне на учениците од последната година на образование и невработените младинци преку кариерно советување, обука за подготовка за вработување и за работа и искуства на учење преку работа како практикантство, практична работа и претприемнички активности. Сите тие се развиени за да им помогнат на младите луѓе да влезат во светот на исполнувачка и продуктивна работа.