Логика или емоција – како работат умовите на активистите за социјална правда

Се сеќавате на времето кога се врзувавте со окови за дрвото на колеџот, за да го заштитите од човекот што сака да го исече? Спротивно на она што сите веројатно би го кажале, можеби сте мотивирани повеќе од логиката, отколку од емоцијата.

Логика или емоција - како работат умовите на активистите за социјална правда

Луѓето кои се почувствителни на идеите на праведност и правичност се водени од причина, не само страст, според една неодамнешна студија на Универзитетот во Чикаго објавена во Journal of Neuroscience.

Со децении, истражувачите на општествените науки се фокусираа на улогата на емоциите во активистичките движења. Истражувачите од 1960 до 1966, од страна на движењето за граѓански права, на пример, истажуваа како Фридом Рајдерс користиат песни и говори да ја изразат лутината, тагата и фрустрацијата и да ги охрабрат другите да се вклучат во движењето на емоционално ниво.

Слично на тоа, социологот Џеф Гудвин на Њујоршкиот универзитет во својата книга од 2001 година, пишува за поддржувачите на правата на животните, опишувајќи го „нивниот пат низ активиззмот врз основа на емоционалната приврзаност кон животните.“

Изгеда дека луѓето кои се по одговорни кон неправдата, ги пронаоѓаат моралните грешки како што се злоставување или расна нееднаквост, а делови од нивните умови пристапуваат кон ова со логика и расудување.

Кога ќе видите примери на луѓе кои дејствуваат морално оправдано, како што се давање еднакви права на маргинализирана група или заштита на животните од зло, нивните мозоци одговорат на ист начин.

Тим на истражувачи, предводени од Универзитетот во Чикаго неврологот Жан Декет ја следеле активноста на мозокот на учесниците со користење на ФМРИ, додека гледале видеа на луѓе кои изложуваат морално добро или лошо однесување. На едно од видеата се гледа како човек става пари во чашата на просјакот, додека во друго видео се случува спротивното, човекот насилно ја истура чашата далеку од просјакот. Оние кои велат дека почувствувале поголема емоција, предизвикана од дејството на екранот исто така се изложени на повеќе акција во деловите од мозокот поврзани со планирање, организирање и логично размислување.

„Придонесите на Декет се јасно важни и потенцијално основни,“ – вели за Mic професорот по психологија Џон Т. Џост од Универзитетот во Њујорк, кој не бил вклучен во студијата.

Истражувањето сугерира дека организациите за човековите права и заштита на животната средина би можеле да добијат повеќе поддршка од јавноста ако се потпрат на нивното чувство за логика, наместо на нивните емоции. Движењата за борба против глобалното затоплување, на пример, ја добија јавната поддршка откако научниците започнаа со објавувањето податоците за тоа колку морското ниво и температурите ќе растат, наместо преку прикажување на тажните поларни мечки на пловечка санта мраз.

Извор: Mic.com

Превод: И.Ч.