Левичарски протест во Скопје за поддршка на народот во БиХ

Движењето за социјална правда „Ленка“, левичарското движење „Солидарност“ и левичарските иницијативи изразија поддршка на случувањата во Босна и пошироко на Балканот, во сите нивни акции и барања како и во начинот на кој што го изразуваат незадоволството. За утре (13 февруари) во знак на солидарност со народот во Босна и Херцеговина, левичарите повикаа на протест пред амбасадата на БиХ во 17 часот.

Левичарски протест во Скопје за поддршка на народот во БиХ

Тие ги осудуваат сите медиуми кои сакаат да фрлат црна дамка на овие, како што ги нарекуваат, пролетни цутови во социјалното будење на обесправените работни и безимотни маси.  Ја повикуваат работничката класа и безимотните маси од земјава0да го следат примерот на нивните другари од Босна и од регионот и да излезат на улиците за да им стават крај на неправдите.

„ЛД Солидарност и ДСП Ленка, во име на оваа обесправена класа го отфрламе лажниот социјален дијалог и повикуваме на социјална борба. Ја отфрламе егоистичката индивидуалност и себичноста и залагајќи се за заедништво и солидарност, кажуваме не на натпреварот, алчноста и конкурентноста, а да за кооперацијата и самоуправувањето. Застануваме против приватната сопственост залагајќи се за колективна општествена сопственост на средствата за производство како и фер и еднаква распределба на производите создадени во рамките на овие заеднички општествени капацитети“, стои во повикот на левичарите.

Тие побараа надминување на етничките разлики и поделби и изградба на класна свест наспроти доминантната национална свест.

„Примерот на Босна и Херцеговина докажува дека етничката и националистичка омраза мора да се надминат за да се оствари социјална правда и хумано општество“, укажуваат левичарите.