Кучиња во Мумбаи стануваат сини поради фрлањето на индустриски отпад

Властите на Мумбаи затворија фабрика, откако беше обвинета за фрлање на опасен индустриски отпад и бои во локална река. Поради тоа, 11 кучиња посинеле.

Групата на невообичаено обоени кучиња била забележана на 11 август, според локален весник, што ги натерало локалците да се пожалат на Бордот за контрола на загадувањето на Махарастра, за боите кои се фрлаат во реката Касади, каде животните често пливаат.

„Беше шокантно да се види како белото крзно на кучињата станало сосема сино“, вели Арати Чаухан, управител на Здружението за заштита на животните Нави Мумбаи.

Чаухан ги објавил фотографиите од сините кучиња на Фејсбук страницата на групата, велејќи дека „загадувачите од Талоха индустриската област не само што ги уништуваат водите и им наштетуваат на луѓето, туку влијаат и на животните, птиците, рептилите“.

Бордот истражувал и ја затворил компанијата во средата, откако потврдиле дека кучињата се сини поради загадување на водата и воздухот од фабриката.

Агенција за заштита на животните успеала да улови едно од кучињата и делумно да ја измие бојата. Животните немале други физички повреди.

Реката Касади тече низ област во која има стотици фабрики. Според податоци на невладината организацијаWatchdog, има 977 хемиски, фармацевтски, инженерски и прехранбени фабрики во индустриската област Талоха, лоцирана надвор од Мумбаи.