Куба, која моментално има недостиг на пари во оптек, на Чешка ѝ понуди да го отплати долгот кон државата со она што го има во големи количини – румот, велат од Чешкото министерството за финансии.
Чешките медиуми јавуваат дека Куба должи 270 милиони долари, но министерството вели дека штотуку треба да се пресмета сумата бидејќи разговорите за отплатата започнале дури кон крајот на минатата година.
Долгот е преостанат од бизнис врските помеѓу Куба и Чехословачка, која се распадна во 1993 година.
Најголемиот чешки весник Днес, цитирајќи ја заменик министерката за финансии, Ленка Дупакова, вели дека отплатат на долгот во кубански рум е „интересна опција“.
„Ова се релативно непознати брендови, што може да биде добро, но ќе треба да ги рекламираме и да ги пуштиме во пазарот“, додава таа.
Весникот додава и дека Чешка, држава со најголема консумација на пиво по глава жител во светот, минатата година има увезено 892 тони кубански рум, во вредност од околу 2 милиони долари.
Доколку целиот долг биде исплатен во рум, Чесите ќе имаат доволно рум за 130 години со тоа темпо.
Но, министерството е против ваквото решение.
„Чешката страна верува дека барем дел од долгот треба да биде исплатен во кеш“, пренесува.