Кривична пријава за кочанчанка која на „Фејсбук“ лажела дека е заразена со коронавирус

Дваесет и тригодишната С.А.С. од Кочани доби кривична пријава откако во вторникот на својот „Фејсбук“ профил објавила лажна вест дека е заразена со Ковид-19 коронавирусот.

Во својата објава ги повикала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат, иако таа не била тестирана, информираат од МВР.

Од кочанската полиција ја поднеле кривичната пријава до Јавното обвинителство во Кочани за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по чл.206 од Кривичниот законик.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.