Критична маса #28: Повеќе патеки, помалку несреќи

И оваа последна среда во месецот (27 август) групата НаТочак ја организира Критичната маса, 27-ма по ред со која ќе укаже на потребата од повеќе велосипедски патеки во Скопје.

точак

Групата ќе се собере во 17:30 часот на Плоштад Македонија, а возењето ќе заврши со пикник во парк шумата Гази Баба.

„Колку пати ви се случило да излезете со точак и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички. Зар не ви е здосадено да мора да се симнувате и качувате од велосипедска патека затоа што истата е со дупки, има поставено канти, знаци, паркирани коли или воопшто ја нема?

Скопје има велосипедисти и сака квалитетни вело патеки! Сакаме да одиме на точак до работа, до продавница, да ги пратиме децата на точак до школо и при тоа да бидеме сигурни дека се безбедни.
Имаме право да возиме на безбедни велосипедски патеки!“, се наведува во поканата за настанот.