Критична маса #18: И во есен точакот ми е бесен!

Критична масаЗаврши летната и веќе започна есенската сезона, но не завршува сезоната за возење точак, ни па за возење на Критична маса. Утре (30 октомври) во последната среда од овој месец, велосипедистите тргнуваат на ново заедничко возење низ Скопје. Зборното место е паркингот пред хотел Карпош, а турата завршува пред МКЦ од каде пешки се продолжува на Ехо – фестивалот.

Од Критична маса советуваат -како да се вози велосипед на ладно време:

-Најважно е добро да ги заштитиш екстремитетите: раце со ракавици, стапала со топли обувки, глава со волнена капа… Најголем дел од топлината се губи преку нив.

-Марама, шал, баклава, покривки за уши, очила за очи… користи додатна опрема според твоите потреби.

-Забележувај го редовно термометарот и која облека е соодветна за која температура. Носи повеќе слоеви за лесно да може да додаваш и одземаш при менување на температурите.

-Додај си екстра минути до планираната дестинација, ќе ти требаат за менување слоеви.

-Облечи се топло, но не претерувај! По некое време, телото се загрева. најдобро си облечен кога чувствуваш дека ти е малку ладно при тргнување. Ако стане ладно, вози побрзо, ако ти стане претопло, забави.

-Возењето точак е аеробна активност и произведува топлина. Ќе се изненадиш колку не е ладно да возиш точак нa ладно време како што се мисли!

-Користи ветроотпорни и водоотпорни материјали за завршни слоеви и материјали кои не задржуваат влага за прв слој до телото. Времето во есен не е лошо. Ни треба само соодветна облека и опрема.

-Имај бело светло за напред и црвено за назад цело време со себе. Помалку дневна светлина значи повеќе (не)предвидени возења во темница. Користи батерии на полнење за заштеда.

-Вози по осветлени улици и пријавувај до одговорните доколку некаде има проблем.Користи рефлектирачки ленти за подобра видливост.

-За ладни услови, користи гуми со крампони и со поднамален притисок, особено при снег и мраз.
Постави си добри калници за заштита. Проблемот не доаѓа од дождот колку од водата по улиците.

-Лесно е еден велосипедист да се спреми за есенски услови, потешко е да се спреми градот.

Во среда ќе се вози по следнава рута.