Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални кој со авион патувал кон Москва, денеска е примен во болница во Сибир со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење, пренесува српски „Н1“.
Навални е без свест и се наоѓа на интензивна нега откако се почуствувал лошо на летот од сибирскиот град Томск кон Москва, изјави Јармиш.
Откако авионот принудно слетал во Томск, Навални е префрлен во болница, објави Јармиш на Твитер и Телеграм.
„Сметаме дека Алексеј е отруен од нешто измешано со неговиот чај. Тоа е единственото нешто што тој го пиеше утрово“, додаде Јармиш.
Јармиш ова го спореди со случајот кога минатата година Навални имаше силна алергиска реакција која, според лекарот, би можела да биде резултат на труење со непозната хемиска супстанца.
Навални кој е правник и борец против корупција во последните неколку години беше во затвор неколку пати поради организирање протести против Кремљ.
Европскиот суд за човекови права пресуди дека неговите притворања биле политички мотивирани и дека ги кршеле неговите човекови права.
Русија минатата година неговото непрофитно здружение Фондација за борба против корупцијата ја прогласи за „странски агент“.