Креаторот на веб-страницата „vaksajns.mk“, Адил Бакиу, која пренасочува до веб-страницата за регистрирање за Ковид-19 вакцинација, насловена „vakcinacija.mk“ денеска е повикан на информативен разговор во полициската станица „Карпош“.
Ваквата информација ја сподели Бакиу на неговиот Фејсбук профил.
„Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“, коментира Бакиу.
Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.
Единицата за компјутерски…Posted by Adil Bakiu on Thursday, February 11, 2021
Името на веб-страницата „vaksajns.mk“ која прави едноставно пренасочување кон „vakcinacija.mk“ е инспирирано по погрешната интерпретација на англискиот збор „vaccines“ од страна на премиерот Зоран Заев кој пред два дена зборуваше на Атлантскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“.
Инаку, на платформата „vakcinacija.mk“ која вчера по одредени проблеми конечно профункционира, за вакцинација аплицирале над 25.400 граѓани.
Профункционира сајтот за регистрирање за Ковид-19 вакцинација