Корисни совети за интернационалните студенти во САД

Американските универзитети се познати по тоа што се сметаат за едни од најпрестижните и најакредитираните образовни институции. Во продолжение ова се најчестите совети од студентите за идните бруцоши кои во САД доаѓаат од странство:

Корисни совети за интернационалните студенти во САД

-Првото правило е да го подобрите нивото на вашиот англиски јазик. Иако можеби вие течно го зборувате англискиот, можат да се појават тешкотии при комуникација со американскиот народ со оглед на тоа што тие знаат да зборуваат многу брзо. Ова може да го надминете со постојано гледање на американски филмови и програми.

-Кога веќе јазикот нема да претставува никаква пречка за вас, потребно е што е можно подобро да се информирате за градот и државата во којашто ќе престојувате. Ова, најлесно е да го направете преку посетување на забавни и културни настани.

-За еден студент кој посетува студии во странство се смета за основно да се запознае со институциите кои би можеле да му помогнат и да го упатат кон неговите права. Притоа, ова ќе помогне да се рашири мрежата на поврзаност меѓу студентите.

-Секогаш одвојте време за да научете нови работи за американската култура преку читање и разговор со некој. Ова е различна култура за вас, но интернетот ќе ви овозможи полесен начин на дознавање на сите корисни информации. Студентот мора да знае што е соодветно, а што навредливо. На пример, со Американците не би требало да зборувате за религиските и политичките определувања бидејќи се смета за навредливо.

-Користете ги академските извори што ви се достапни како што се професорите, библиотеките и асистентите.

-Членството во разни младински организации ќе ви овозможи да го зголемете кругот на пријатели и колеги од професијата што сте ја одбрале.

-Обидете се да создадете рамнотежа помеѓу студиите и слободното време. Да се биде најдобар во студирањето треба да е најважната цел за секој студент, но потребно е да имате време и за забавување. Повеќето студенти организираат излети, посети на кино, театар.

-Искусете нови работи. Секој студент треба да се обиде да излезе од положбата што му е удобна и која станува негова рутина. Постојат многу работи што можат да се пробаат и во кои може да се ужива.

-Бидете слободоумни и флексибилни. Интеракцијата со секакви видови на националности може многу да ве збогати со знаење и различни искуства. Не е препорачливо за студентите да се изолираат така што ќе се дружат само со луѓе од нивната националност.

-И последно, но не и најмалку важно е да не се заборави дека сепак не е лесно да се живее во нова држава. За адаптацијата е потребно време. Понекогаш може да се појават потешкотии во пронаоѓањето на пријатели или пак ќе се појави чувство на носталгија за фамилијата и пријателите. На крај, упорноста е она што се исплатува.

Извор: Isvmag