Климатолозите од Сервисот за климатски промени Коперник, известија дека температурата во септември била повисока за 0,57 степени од светскиот просек меѓу 1981 и 2010 година.
Речиси во цела Европа, температурите во септември беа повисоки од просечните и во повеќето делови имаше помалку дождот на континентот, објави Коперник, организација поддржана од ЕУ.
Но, и во повеќе региони во светот се забележани значително повисоки температури од просечните како во централните и источните делови на САД, монголското плато и некои области на Арктикот.
Мразот на Арктикот е за 36 проценти намален во однос на просекот во септември.
Коперникус – програма на Европската унија што ја следи планетата Земја и се потпира претежно на сателитски податоци – претходно објави дека годинава јули беше рекорден според високите температури , со тоа што август бил втор најтопол месец откако се прават набљудувањата.
Во последните 12 месеци, температурите се над просекот во поголемиот дел од Арктикот, скоро во цела Европа и во повеќето други копнени и морски области, објави европска служба која ги следи климатските промени.
Инаку, климатолозите на ЕУ ја водат ваквата температурна статистика од 1981 година, па ова е еден од низата загрижувачки рекорди.