Конкурси за стипендирање македонски студенти на странски универзитети

Во понеделник ќе бидат објавени три конкурси за стипендии во странство за македонски студенти за идната академската 2014/2015 година. Како што информираа од Министерството за образование и наука, апликации ќе се примаат до 1 септември годинава. Огласите, покрај во печатените медиуми, ќе бидат објавени и на сајтот на Министерството.

Конкурси за стипендирање македонски студенти на странски универзитетиПритоа ќе биде објавен конкурсот за стипендии за студенти што ќе запишат прв, втор или трет циклус на некој од првите 100 универзитети, односно првите 200 од областа на техничките науки, според Шангајската листа. Вториот конкурс се однесува за  прв или втор циклус студии на реномирани универзитети од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката, повторно согласно ранг-листа, но овојпат изготвена во соработка со македонското Министерство за култура. Третиот пак е конкурс за доделување стипендии за прв и втор циклус студии од областа на филмската и музичката уметност на Академијата за филмска и телевизиска уметност (ФАМУ) во Прага.

Шангајските стипендии се движат од 6.000 до 60.000 евра годишно, уметничките од 20.000 до 80.000 евра годишно и стипендиите за ФАМУ околу 23.000 евра за година.Сите три вида стипендии обезбедуваат уписнина, месечен надомест и трошоци за превоз.

Како што веќе информира од Министерството, ќе се доделат четири стипендии за Академијата (ФАМУ) во Прага. Бројот на останатите два типа стипендии пак е неограничен и сите кандидати кои ќе ги исполнат условите ќе добијат стипендија. Овие стипендисти ќе имаат обврска по стекнувањето на дипломата, да се вратат и да работат во државниот или приватниот сектор во земјава двојно подолго од времето поминато на студии.