Kонкурс за студирање на универзитетите во Русија

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје распишува конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии на високообразовни институции во Руската Федерациjа за идната, 2016/2017 академска година. Како што се наведува во конкурсот, на македонските студенти руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати треба да ги поднесат следните документи:

– пријава (Application Form) со приложена фотографија во боја, пополнета на руски или англиски јазик. Образецот на Пријавата може да се симне од сајтот http://www.russia.study/ или од сајтот на Амбасадата www.macedonia.mid.ru;
– фотокопии од страниците на пасошот со основните податоци кои се потребни за издавање виза. Пасошот треба да им рок на важење не помалку од 18 месеци сметано од денот на првиот влез во Русија;
– лекарско уверение заверено од официјална здравствена установа;
– потврда за извршен тест за ХИВ-вирусот заверена од официјална здравствена установа;
– фотокопија од документот за завршено образование заверена кај нотар, со листа на наставните предмети и оценки од испитите. Доколку кандидат сеуште го нема добиено документот за завршено образование, треба да поднесе уверение со тековни оценки заверено од својата образовна установа;
– кандидати за аспирантурата (постмагистерски студии) покрај горенаведените документи, треба да достават список на објавените научни трудови (доколку има) и краток реферат на руски јазик по темата на идното научно истражување.

Сите копии треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени кај нотар. Шифрите и точните називи на одбраната специјалност за пополнување на Пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои учествуваат во програмата, се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/. Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација). Истите може да се поднесат и на хартија до Амбасадата на Руската Федерација.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик, имаат право да го учат на подготвителни факултети во државните високообразовни институции на Руската Федерација според дополнителна програма. Обуката трае една година, не се вклучува во рокот на студиите по основната образовна програма и е на трошок на руската страна.

Рокот на пријавување е до 20 март 2016 година, а сите информации околу стипендиите може да се добијат на овој ЛИНК.