Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2018/2019 година.
Во конкурсот се наведени вкупно 2.530 отворени легла за сместување и исхрана ученици од средното образование, во 18 ученички домови низ земјава.
Од МОН потенцираат дека првенство при прием на ученици ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Македонија.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Учениците може да конкурираат за прием во дом со наведување на името на ученичкиот дом и како алтернатива на друг ученички дом со наведување на називот на домот доколку во првоизбраниот дом бидат пополнети сите места.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV годинапочнува од 25.06.2018 година и трае до 01.07.2018 година.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 04.07.2018 година и трае до 10.07.2018 година.
Повеќе детали за условите, начинот и рокот за пријавување, како и потребните документи можат да се најдат на следниов ЛИНК.