Конкурс за есеј на тема: „Мојот живот како студент”

Потралот Факултети разпиша конкурс за пишување есеј на тема „Мојот живот како студент”, на кој можат да учествуваат сите студенти од државните и приватните факултети.

Конкурс за есеј на тема: „Мојот живот како студент"

Заинтересираните студенти треба да пишуваат за студентскиот живот во студентскиот дом или друго место на живеење или студентскиот живот како секјдневие.

Есеите  (со должина од 500 до 1000 зборови, единечен проред, најмалку една фотографија или илустрација) треба да се испратат во ворд документ, да бидат напишани на македонски јазик, со назначена тема и потпишани со име и презиме, факултет, година на студирање и телефон за контакт од авторот.

Жирито ќе додели парична награда, прва, втора и трета награда, од 3.000, 2.000 и 1.000 денари. Имињата на победниците заедно со испратените есеи ќе бидат објавени на сатот факултети.мк каде ќе бидат објавени и дел од останатите есеи.

Есеите треба да се испраќаат по електронски пат на е-мејлот info@fakulteti.mk , најдоцна до 1 март.