На почетокот на месец декември, Конгресот на Соединетите Американски Држави најави дека ќе го зголеми буџетот на NASA во 2016 година.
Сега објавија и дека 55 милиони долари од зголемениот буџет се наменети за агенцијата да создаде живеалиште за астронаути на Марс најдоцна до 2018 година.
Агенцијата во наредните три години треба да создаде прототип на „хабитациски модул“. NASA ќе треба и да го известува Конгресот за напредокот на работата после 180 дена работа на проектот.
NASA веќе соработува со компании како Boeing и Bigelow Aerospace на потенцијални живеалишта во вселената, но можно е да биде принудена да ги забрза работите за да бидат задоволени барањата на Конгресот.
Извор: The Next Web