Конференција на Microsoft Македонија за промоција на младинската програма

Microsoft Македонија и Центарот за Иновации на 21 и 22 мај во хотел ТЦЦ Гранд Плаза го организираат настанот „Microsoft youthspark live event“. Притоа ќе се промовира „Microsoft youthspark“ програмата чија цел е да им помогне на младите луѓе во Македонија преку здобивање со ИКТ знаења и вештини да го реализираат својот целосен потенцијал, информирајќи ги можностите што ги отвора програмата за вработување, градење кариера како и креирање нов (startup) бизнис.

youthspark-1

На конференцијата ќе присуствуваат и врвни специјалисти и високи претставници на Microsoft предводени од Mairead Keigher – Coorporate Affairs Manager, Microsoft CEE, но и повеќе млади и докажани претприемачи и претставници од бизнис заедницата.

Како што најавија од Мicrosoft Македонија, на овој настан  ќе  присуствуваат 120 најдобри студенти од сите приватни и државни универзитети во земјава, но и младите невработени луѓе. Во текот на преземтацијата ќе се појаснат ИКТ програмите и алатките кои им се на располагање на младите за да ги зголемат можностите за вработување и основање на сопствен бизнис, ќе се објаснат барањата на пазарот на трудот во Македонија и трендовите
за вработување во ИТ секторот, но ќе се понудат  и знаења на младите невработени луѓе да развијат сопствен план за
професионален развој.