Концертна промоција на новиот албум на Chromatic Point

Рок групата Chromatic Point ја најави концертната промоција на новиот студиски албум „Слики од старата куќа” која ќе се одржи на 27-ми (петок) во кино Фросина, во рамки на Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток од 21 часот.

Според организаторите, настанот ќе биде пропратен со специјално изненадување, а ќе трае два часа.

Картите за концертот ке бидат пуштени од 23 (понеделник) и ќе може да се купат од билетарата на МКЦ- Скопје по цена од 200ден. На самиот настан ќе се продава и албумот по промотивна цена, како и маици и приврзоци од групата.