Концерт за деца „Суперхерои“ на Македонската филхармонија

Во сабота во 12 часот во Домот на АРМ, оркестарот на Македонската филхармонија го најавува првиот Симфониски концерт за деца во новата сезона со наслов „Суперхерои“.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев за најмладата музичка публика ќе бидат изведени теми од познати авантуристички и научно-фантастични филмови како „Супермен“, „Пиратите од Карибите“, „Индијана Џонс“, „Војна на ѕвездите“, „Џејмс Бонд“, „Хари Потер“ и „Е.Т.“.

Приказните за суперхероите ќе ги долови актерот Мартин Јордановски.