Концерт на „The Black & Vice Social Club“ и „Armadillo“ во Хавана

Концерт на бендовите „The Black & Vice Social Club“ и „Armadillo“ е најавен на во Хавана. Концертот ќе се одржи во летниот клуб Хавана, во Градски Парк, во петок (17 јуни).

„Armadillo“ е бенд кој постои од 2014 година, а негови членови се Борис Минов – гитара, Саше Љолес – вокал, Иван Сариевски – бас и Слободан Хаџи Илиев – тапани.  Музичката позадина на сите членови е богата (Флукс, Eye Cue, Суперхикс, КУР, Самакутра и други side проекти). Зад себе имаат повеќе настапи и подготвен материјал за нивниот прв албум. Звукот се карактеризира со моќни гитари, енергични вокали налик на „grunge rock“ музиката во средина на деведесетите, но со модерен призвук.

„Black and vice social club“ го сочинуваат Ади Имери, Благоја Антовски, Стефан Стојчев и Горјан Стојменовски. Бендот досега има издадено еден албум „Until the road is a dead end”, а веќе работат и на подготовката на својот втор албум, којшто треба да се снима кон крајот на летото.

Почетокот е најавен во 21 часот.