Концерт на белгискиот бенд Guili Guili Goulag во културниот центар „Кула“.

Во рамки на музичката програма, културниот центар „Кула“ организира концерт на кој ќе настапи необичниот состав Guili Guili Goulag во понеделник, со почеток во 20.00 часот.

Гили Гили Гулаг (Guili Guili Goulag) е експериментален белгиски рок бенд кој твори под влијание на африканска музика, краутрок, дум, панк и многу други работи.

Карактеристични се по звучната харфа, длабокиот бас и племенските перкусии. Нивниот перформанс може да се опише како бучна танцувачка точка со моменти на импровизација. Од неодамна Guili Guili Goulag го снимаат својот прв албум, под издание на четири издавачки куќи и тоа: Mon cul c’est du Tofu, Rockeril, Cheap Sattanism and Allala Tralala.

Нивната прва турнеја се одржа во октомври 2014 година, а во моментов се на својата втора турнеја, каде што прв пат го посетуваат Балканскиот регион.

Новиот материјал, на кој што работат, ќе биде издаден до крајот на годината.