Кит на Тајланд почина откако проголтал 80 пластични кеси

Кит почина на јужниот дел на Тајланд по проголтување на 80 пластични кеси, соопштија тајландските власти.

Китот успеал да поврати пет кеси за време на залудниот обид да биде спасен во канал во една од тајландските провинции. Кесите, со тежина од околу 8 килограми, оневозможиле китот да јаде храна, вели експерт за морски води.

Неодамнешниот извештај предупреди дека количината на пластика во океанот би можела да се удвои за една деценија, освен ако не се постават сериозни ограничени. Тајланд е главен корисник на пластични кеси и владата минатиот месец објави дека размислува за воведување такса за нив. Се верува дека тие убиваат стотици морски животни секоја година.

Китот бил забележан кога веќе бил болен и не можел да плива во каналот,во понеделникот. Службениците за заштита на животната средина користеле чамци за да се обидат да му помогнат на китот да плива. Тие го негувале китот , но тој починал во петокот попладне.

Морскиот биолог Тон Тамронавасват за Франс Прес изјави дека кесите го попречиле доводот на храна кај китот.

„Ако имате 80 пластични кеси во стомакот, ќе умрете”, заклучува тој.