Кажете ни ги искуствата со образовната инклузија во вашето школо

Радио МОФ бара родители и вработени во училишта за да му помогнеме на инклузивното образование да застане на цврсти нозе. 

Како медиум долги години работиме на анализи од јавен интерес, а сега повторно сакаме да ги чуеме Вашите искуства, кои ќе бидат од голема важност за подобрување на инклузијата во основните школи, со цел да има еднакви можности и пристап до образование на сите деца, без разлика на нивната состојба / попреченост. 

Овој Прашалник е наменет за родители на деца со атипичен развој и вработени во основни училишта кои имаат искуства откако е започнат новиот систем на образовна инклузија од учебната 2021/2022 година. 

Со Вашите одговори, кои по желба ќе останат анонимни, сакаме да чуеме за состојбите во училиштатакако тие се развиваат во инклузивна смисла, колку децата добиваат поддршка од аспект на образовни асистенти, кадар и материјали, но и во кои области може да се подобрат работите? 

Секој одговор, забелешка или предлог – од секого што е дел од инклузивниот мозаик – е многу важен за да се добие целата слика. 

Вашите одговори се заштитени и шифрирани

Вашите искуства и приказни ќе бидат искористени за да ни помогнат во тековно истражување на Радио МОФ.