Како Влада водиме јасна про-семејна политика, рече Мицкоски на отворање на доградена градинка

„Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се’ останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава“, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на доградената градинка „Кокичиња“ во село Таринци, Општина Карбинци.

Станува збор за објект во кој ќе се сместат допонително уште 50 деца, со што капацитетот на целата детка градинка ќе биде двојно зголемен на 100 деца.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека како Влада продолжуваат да прават и создаваат услови за најмладите.

„Покрај оние бесплатни шест ин витро процедури, од три зголемивме на шест, продолжуваме со отворање на нови градинки и елиминирање на листата за чекање, тоа кое што се обврзавме во програмата. Вчера беше Кочани, конечно после сите перипетии се отвори таа градинка за 114 дечиња, денес е оваа надградба на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци за нови педесетина дечиња. Утре ве поканувам во скопско Сопиште, исто така отвораме градинка и продолжуваме во периодот кој што следи. Кога на ова ќе се додадат и оние книги кои што ги добија првоодделенците дека семејството преставува ‘мајка, татко, сестра, брат и јас’, тогаш јасно ги дефинираме политиките на оваа Влада и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да промовираме таков тип на политики“, рече Мицкоски.