Како да претворите паметен телефон во дигитална камера?

Заедно со претставувањето на најновиот паметен телефон Z1, јапонскиот производител на електроника Sony излезе со нова „играчка“. Имено на саемот во Берлин го претстави новиот сет на додатоци кои можат секој паметен телефон да го претворат во вистинска дигитална камера.

Како да претворите паметен телефон во дигитална камера?

Станува збор за додатоците DSC-QX10 и DSC-QX100 кои можат да се закачат на iPhone и Android телефони и овозможуваат оптички зум и висок квалитет на вака направените фотографии.

Уредот QX100 е со сензори од 20.2 мегапиксели и оптика од Carl Zeiss. Тоа им овозможува за 3,6 пати оптички зум, а веќе може да се нарача по цена од 250 долари.

Како да претворите паметен телефон во дигитална камера?Додатокот QX10 пак има сензори од 18 мегапиксели и оптика Sony G Lens. Тоа им овозможува на корисниците за 10 пати поголем оптички зум. Неговата цена е двојно повисока или 500 долари. И двата уреди имаат оптичка стабилизација и може да снимаат видео со висок квалитет.