Јубилејниот „Exit“ започнува: Боб Гелдоф и Гала испраќаат порака до светот за студентите од Србија

Фестивалот „Exit“ започнува денес и ќе трае до недела, 13 јули, објавија организаторите на фестивалот, кои потсетуваат дека општествената атмосфера во Србија наликува на почетоците на „Exit“ пред 25 години, и дека поради поддршката на студентските протести, тие се соочуваат со целосен прекин на државното кофинансирање, поради што фестивалот е принуден да ја напушти земјата од следната година, пренесува Н1.

„Кога почнавме да го подготвуваме овогодинешниот јубилеен фестивал, не можевме ни да сонуваме дека ќе го дочекаме во атмосфера на социјални конфликти, насилство и апсења на студенти и граѓани. Сепак, токму затоа е важно да се одржи ‘Exit’ сега и да се испрати порака до светот за храброста на младите луѓе од Србија кои ги бранат универзалните вредности во својата земја“, соопшти фестивалот.

На „Exit“ ќе настапат иконите на урбаната сцена кои гласно ги поддржаа студентите, меѓу кои „Гоблини“, Марчело, Марко Луис, „Атеист Рап“, Бојана Вунтуришевиќ, „Партибрејкерс“, „Ритам Нереда“, Цоби, Никола Врањковиќ, „Џони Миднајт Трио“, „Канда, Коџа и Небојша“, Оксајо и многу други.

Во соработка со студентите во блокада на неколку факултети во Србија, ќе се реализира сцена „Слободни студенти“, каде што ќе настапат студентски бендови и диџеи. На тврдината Петроварадинска ќе биде поставена и изложба посветена на студентските протести.

Од почетокот на студентските протести, „Exit“ јавно застана на страната на студентите десетици пати, анимирајќи бројни светски музичари да ја понудат својата поддршка. Особено, поддршката на Боб Гелдоф, иницијаторот на легендарниот „Live Aid“, кој ја слави 40-годишнината од тој историски настан на „Exit“, ја продолжува својата мисија – музиката да биде движечка сила на глобалните промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EXIT Festival (@exitfestival)

Боб Гелдоф ќе настапи на отворањето на фестивалот со својот бенд „Boomtown Rats“, а ќе им се придружи и италијанскиот уметник Гала, чиј хит „Freed from Desire“ стана химна на студентските протести, симбол на уличните акции и неуморната борба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EXIT Festival (@exitfestival)

Со видео ретроспектива по повод почетокот на прославата на важниот јубилеј, се осветлуваат клучните моменти во историјата на фестивалот – од храбриот почеток во средината на бунтот на младите, до создавањето на еден од највлијателните музички фестивали денес. Преку приказната за музичките моменти, вредностите што го обликувале и енергијата на милиони луѓе што го направиле посебен, „Exit“ потврдува што е: движење, наследство и највозвишена емоција што ни припаѓа на сите нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EXIT Festival (@exitfestival)

Некои од најголемите имиња на светската и регионалната музичка сцена ќе настапат на јубилејниот фестивал „Exit“: „Sex Pistols“ и Frank Carter, „The Prodigy“, „Gloryhammer“, DJ Snake, Eric Prydz, Loreen, „Hurts“, Boris Brejcha, Indira Paganotto, Solomun, I Hate Models, Hot Since 82, Sara Landry, KI/KI, Mau P и многу други.