Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира средношколците кои исполнуваат услови дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобус за време на летниот распуст.
„Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите нса Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…’“, соопштува ЈСП.
Воедно, од таму информираат дека од среда (11 јуни) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.
Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk), и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб страна (https://skopjebus.mk/mk/).