ТОМ е 2 годишен стафорд. Пријателски настроен кон кучиња и кон луѓе.
Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.
Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.
Вдоми куче, вдоми љубов💟
Се вдомува Toм🏡
ℹ ТОМ е 2 годишен стафорд. Пријателски настроен кон кучиња и кон луѓе.
Има уредна крвна слика,…
Posted by ЈП Лајка Скопје on Friday, January 29, 2021
Со оваа порака, ЈП „Лајка“ од Скопје го објави за вдомување младиот стафорд, заловен за Нова Година во Аеродром, откако исплашен од петардите им побегнал на сопствениците. Но, за разлика од скоро сите кучиња во стационарот, сопствениците велат дека се обидувале да си го земат кучето од првиот ден кога влегло во „Лајка“. Речиси месец дена подоцна, стигнал одговор од „Лајка“ како фактура од скоро 300 евра, за да си го подигнат кучето. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди, се децидни дека во стационарот незаконски е држено кучето и не им е враќано на сопствениците. Појаснуваат и што се случувало во меѓувреме.
„На 31-ви декември кучето Пабло бега преплашено од петарди, а неговото семејство упорно го објавува секаде по социјалните мрежи, молејќи за помош за да го пронајдат. Пит бул-стафорд, но маза, мирно куче, миленик, што се гледа на сликите и за што постојат бројни сведоци. На први јануари (следниот ден) им стига информација дека кучето е лоцирано и човекот пресреќен оди да го земе. На местото е полиција, човекот се претставува како сопственик и не бега од одговорност, согласен е да одговара доколку е потребно и да си го земе преплашеното куче, но тука наидуваат Лајка и му велат дека тие ќе го земат, а тој да го подигне кучето од кај нив. Така, како што самите кажуваат, почнува нивната агонија. Сега Лајка го вдомува Пабло (му смениле име во Том) и покрај тоа што има сопствено семејство“, реагираат од „Анима Мунди“.
Оттаму додаваат и дека ако кучето не им биде вратено на сопствениците, ќе излезат на протест пред стационарот.
„Над закон и секако надвор од своите ингеренции ЈП Лајка не дозволува на сопствениците да стигнат до своите (сопственички) миленици без да платат повеќе стотици евра непотребен третман и скапо стационирање. Во неколку наврати сме контактирани од сопственици на куче кои со денови доаѓаат и буквално молат во стационар, се јавуваат, пишуваат мејлови за да на крај, по месец дена одолговлекување бидат поканети на состанок на кој им соопштуваат дека треба да платат 300 ЕВРА, ред небулозни трошоци и сместување– иако реагирале веднаш и согласно законските правила си го барале сопственото куче назад“, додаваат од „Анима Мунди“.
Од „Лајка“ пак велат дека доколку се јави сопственикот на кучето, согласно Ценовникот, трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучиња. Велат дека се закажува средба со сопственикот, се изготвува фактура за извршените услуги од наша страна и доколку истата биде подмирена од страна на сопственикот на нечипираното куче, кучето му се предава, со аплициран микрочип во ветеринарната амбуланта на ЈП Лајка, кастрирано/стерилизирано и со пасош. За Пабло пак појаснуваат.
„Посоченото куче е заловено од страна на ЈП Лајка по претходна пријава од полициската станица во општина Аеродром и за истото имаме претставка дека ја загрозило безбедноста на неколку наши сограѓани и нападнало домашен миленик. По интервенција на полицијата која неможела да се справи со случајот, постапено е од страна на ЈП Лајка и на ден 01.01.2021 година кучето е заловено и сместено во прифатилиштето. По прегледот констатирано е дека кучето нема аплицирано микрочип, со што и нема законски утврден сопственик и истото подлежи на хуман третман како и секое бездомно куче согласно закон и правилник“, стои во нивната објава.
Сопствениците на Пабло се спремни да ја платат казната за нечипирирање на кучето, но не и фактурата на „Лајка“, чија сума расте со секој поминат ден на кучето во стационарот. Како доказ за сопственоста, имаат пасош, вакцини и куп фотографии од Пабло.
ЈП Лајка Скопје и Петре Шилегов Петре Шилегов ПРОДАВААТ КУЧИЊА !!!
Голготата на едно семејство низ Криминалните…Posted by Stefan Kirkov on Friday, January 29, 2021