Локалните медиуми пренесуваат дека испуштањето може да започне во 2022 и ќе бидат потребни декади за целосно ослободување. Локалните рибари велат дека овој потег може да ја уништи нивната индустрија.
Властите во Јапонијасе пред одлука дали да испуштат над еден милион тони загадена вода од нуклеарната централа во Фукушима во морето, со што ги разлутија локалните рибари кои сметаат дека ваквиот потег ќе ја уништи нивната индустрија.
Медиумите пренесуваат дека испуштањето на водата која засега е складирана во контејнери, ќе започне во 2022 година.
Официјалната одлука за ваквиот потег треба да биде соопштена до крајов на месецот, со што ќе се заврши долгата и деценсика дебата за како да се реши проблемот со водата. Останатите опции се нејзино испарување или пак складирање на различни локации.
Властите пак веќе долго време индицираат дека нивното решение е испуштање на водата близу до Пацификот, иако ваквото размислување наиде на неодобување од локалните рибари кои сметаат дека со ваквиот потег ќе се изгубат сите напори вложени во реставрацијата на индустријата која и онака е уништена од цунамито во 2011 година.
Како одговор на отпорот, властите изјавиле дека ќе се фокусираат на локалното производство и ќе ги објаснат сите грижи кај граѓаните кои би ја избегнувале морската храна по испуштањето на водата.
Групите за заштита на животната средина исто така се противат на одлуката, а Јужна Кореја, која одамна го има забрането увозот на морска храна од овој регион, во многу наврати упатила жалби за ваквата одлука, велејќи дека испуштањето на водата е „смртна“ закана за морскиот свет.
Притисокот за побрзо решавање на проблемот со складирањето на водата е се поголем во време кога складиштето за вода е скоро полно. Од „Тепсо“, електраната на Токио, истакнале дека сите слободни котејнери ќе се наполнат до 2022 година.
Минатиот месец, 1.23 тони вода, која е контаминирана при мешањето со водата користена за да се заштитат трите уништени јадра на реакторите, се сместени во 1,044 контејнери, а количината на водата се зголемува за 170 тони секој ден.
Системот за процесирање на „Тепсо“ го отстранува поголемиот дел од радиоактивните супстанци во водата, но системот не е доволен за да се филтрира тритиумот, радиоактивен изотоп на хидроген.
Притисокот за побрзо решавање на проблемот со складирањето на водата е се поголем во време кога досегашното складиште за водата е докрај со капацитетот. Од „Тепсо“, електраната на Токио, истакнале дека сите слободни котејнери ќе се наполнат до 2022 година.
Експертите сметаат дека тритиумот е штетен за луѓето само во огромни дози, додека Интернационалната агенција за атомска енергија смета дека е возможно да се разложи загадената вода со морска вода пред да се испушти во океаните
Извор: Guardian