Изнајмувачи со срце – Акција за бесплатен одмор на деца со пречки во развојот

По примерот на балканската група „Изнајмувачи со срце“ (Iznajmljivači sa srcem), се формираше и македонска група „Бесплатно сместување-Македонија“ чија цел е да понуди бесплатно сместување на децата со пречки во развојот во туристичките места. Идејата е да се мотивираат издавачите на станови, викендици или апартмани во земјава, да ги отворат своите капацитети за оваа ранлива заедница. Групата е наменета за да се помогне на болни дечиња,на самохрани родители и на семејства од социјално загрозен карактер кој не можат да си приуштат одмор барем еднаш во текот на годината.

„Имате викендица или апартмани низ цела Македонија,сакате да понудите бесплатно сместување на болни дечиња кои што здравјето им е трајно нарушено,на самохрани родители или пак на социјално загрозенени семејства,на правото место сте. Имате ресторани или маркети и сакате да донирате храна и играчки за децата слобдоно пријавете се. Издавачките куќи можат да се пријават со подароци на книги и сликовници за дечињата и смејствата. Добредојдени се и превозници кои сакаат да помогнат со бесплатна превоз-услуга…Ајде Македонијо,да се обединиме!!!“, се порачува во групата.

Идејата за оваа акција започна од Јадранот, кога сопствениците на сместувачки капацитети главно од хрватското крајбрежје, се обединија во групата „Изнајмувачи со срце“ и иницираа масовна хуманитарна акција за децата со пречки во развојот. Акцијата започна под мотото „Не е се во парите“, за да обезбеди сместување на море за семејствата од целиот регион кои имаат деца со потешкотии во развојот. Основачот на оваа ФБ фрупа, Вера Матулиќ, за српски Данас изјави дека не очекувала групата за неколку недели да се прошири на неколку илјади луѓе.

„Видов оглас од една госпоѓа од Дубровник која нудеше бесплатно сместување и се воодушевив. Го направив истото и за неколку минути и двете веќе имавме гости. Тогаш одлучив да основам група за да можеме да сместиме барем уште неколку семејства. Воопшто не очекував ваква реакција, дека групата ќе се прошири со брзина на светлината. За три недели веќе имавме 5.000 членови“, вели Вера. Вратата од своите домови за децата со Даунов синдром и аутизам и нивните родители, меѓу останатите, веќе ја отвориле Инес и Жељко Главиниќ, и почесниот конзул на Босна и Херцеговинa Џемил Талиќ Габриел со сопругата Крис Габриел.

Македонската група е формирана денеска, а на ѕидот на групата ќе се одобруваат постови од домаќините кои што го нудат бесплатниот престој,од угостителските објекти кои што нудат бесплатни оброци,од сите што сакаат да помогнат со дарување. Луѓето на кои што им треба престој по извршениот преглед на постовите од групата,ќе ги контактираат домаќините од локацијарта каде што најмногу им одговара. Домаќините имаат право да одбијат гостин доколку го исполниле бројот на бесплатни сместувања или се посомневаат во случајот. Договорениот престој треба да биде без паричен надомест.

Како што се наведува во правилата на групата, сликите од болни деца нема да бидат дозволени поради нивната заштита.